Најголемиот авиопревозник во нашата држава, компанијата Визер како што е понзато пред неколку дена сподели нови линии кон и до Македонија, но тоа не е се.
Како што е познато нискотарифната авиокомпанија „Визер“ најави неколку нови меѓународни линии од Македонија, поточно до градовите Торино и Болоња (Италија), Билунд (Данска) и Фридрихшафен (Германија).
Првите три дестинации тргнуваат од Скопје, додека за германскиот град ќе има летови од охридскиот аеродром.
Авиокомпанијата „Визер“ објави дека од 1 декември 2021 година ќе бидат потребни вакцинации против Ковид-19- или редовно тестирање на антиген/ПЦР тест во специјални случаи – за целиот екипаж, па затоа ќе воведат вакцинација за патниците.
Велат дека истражувањата ја покажуваат нивната ефикасност како најдобра достапна форма за заштита од Ковид-19.
„На почетокот на пандемијата, ‘Визер’ беше пионер во воведувањето на ст роги здравствени и безбедносни мерки за заштита на патниците и членовите на екипажот, обезбедувајќи максимални санитарни услови и поддржувајќи физичко дистанцирање.
Како што продолжува пандемијата, ‘Визер’ е меѓу првите европски авиокомпании што дополнително ги зајакна своите заштитни мерки со оваа политика, која ќе се спроведе во согласност со поддршката на локалните власти и здравствените институции низ базите на ‘Визер’“, велат од авиокомпанијата.
Жозеф Варади-извршниот директор на „Визер“ групацијата изјави:
„Во ‘Визер’ нашиот приоритет број еден е здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени. Ние имаме одговорност да ги заштитиме екипажот и патниците во авионот со ублажување на ризиците од Ковид-19, а вакцините играат витална улога во ова“.