Ребека го крена гласот и порача: Дали сте свесни

  • By admin
  • септември 1, 2021
  • 0
  • 6118 Views

Локалната канцеларија на организацијата на Обеденитети нации за децата УНИЦЕФ, министерката Мила Царовска, премиерот Зоран Заев и други политичари го честитаа првиот училиштен ден кој ги врати учениците во клупи по година и пол дигитална онлајн настава поради пандемијата со коронавирусот.

Наставата се одвива според протоколите кои ги објави Министерството за образование и наука, а ги подготви Комисијата за заразни болести. Меѓудругото на учениците им се мери температура на врата, задолжително е да носат маски и да ги дезинфецираат рацете.

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани вели дека првиот училишен ден за учениците од Северна Македонија е од голема важност бидејќи за голем дел од нив тоа претставува можност првпат по 54 седмици поминати пред дигиталните екрани да се вратат во училиштата.

Според податоците тоа е долг период од просекот на другите земји во Европа и Централна Азија, што изнесува 25 седмици.

„Токму затоа повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство е клучен чекор напред кон обезбедување дека секое дете има пристап до квалитетно образование коешто ќе му помогне да ги изгради и унапреди вештините коишто ќе му бидат потребни во животот“, се вели во соопштението на организацијата.

Премиерот Зоран Заев, пак, наведе дека нема подобра опција од наставата со физичко присуство и дека се вложени сите напори за учениците безбедно да се вратат во училишните клупи, но нагласува дека е потребна максимална одговорност и почитување на протоколите од сите учесници во воспитно – образовниот процес.

„Владата, заедно со Министерството за образование, ги вложи сите напори во обезбедувањето на здравствено безбедни средини за учениците. За да се спречи ширењето на ковид 19 во училиштата потребна е максимална одговорност и почитување на планот и протоколите што ги усвоивме од страна на сите учесници во воспитно – образовниот процес, од ученици, наставници, родители, од општините“, вели Заев.

Министерката за образование Мила Царовска рече дека верува оти со враќањето на физичката настава во училиштата ќе биде полесно за сите.

„Не заборавајте да бидете одговорни во секоја прилика за време на овие вонредни услови за едукација, заштитете го личното здравје и придонесете за безбедноста на другите околу вас“, порачува Царовска.

Македонската пејачка Ребека Јанковска-Ристески вчера на својот профил на фејсбук се огласи и испрати порака во која што вели:

Учениците со попреченост утре нема да тргнат во училиште со образoвни и лични асистенти. Некои деца не е возможно да следат настава без асистент!

Дали сте свесни!!!!?Се уште не знаеме кој асистенти и кога ќе бидат вклучени. Дали асистентите се вакцинирани? Се работи за ра нлива категорија на деца?! Има ли некој што ќе се сети на време за овие деца???

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *