Доктор Злате: Ова го изјавувам јавно, повикувајќи се на својата чест

  • By admin
  • август 16, 2021
  • 0
  • 7669 Views

Од денес на територија на нашата држава започнаа да важат нови мерки за заштита од вирусот. Ова доведе до бројни реакции во јавноста кои вчера доведоа и до про тест.

На истиот дел од говорниците истакнаа многу пораки кои беа упатени и директно до медицинскиот кадар, поточно докторите што наиде на нови реакции.

Докторот Злате Мехмедовиќ се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели порака во која што истиот вели:

Јас сум доктор… Во часот кога стапив меѓу членовите на лекарската професија свечено се обврзав дека својот живот ќе го ставам во служба на хуманоста.

Кон своите учители покажувам должна благодарност и почитување. Својата професија ја извршувам совесно и достоинствено.Најголема грижа ми е здравјето на мојот пациент.

Ги почитувам та јните на тие што ќе ми се доверат. Со сета своја сил а ги одржувам честа и благородните традиции на лекарската професија.

Моите колеги се мои браќа и сестри. Во вршењето на должностите кон болните на мене не влијаат верата, националноста, расата, политичката или класната припадност.

Од почетокот апсолутно го почитувам човечкиот живот. И под зак ана нема да дозволам моите медицински знаења да се искористат спротивно на законите за хуманоста.

Ова го изјавувам јавно, повикувајќи се на својата чест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *