Професорот Трајковски предвиде сè уште од мај – потсети на што сè апелираше во меѓувреме

  • By admin
  • август 15, 2021
  • 0
  • 4232 Views

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата. Забележан е значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани.

Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани.

Со последните бројки 67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Професорот Дејан Трајковски кој со појавата на вирусот детално и издржано споделува податоци на својот профил на фејсбук, но и во медиумите уште еднаш се огласи:

Во мај не ми веруваа дека немаме колективен имунитет и дека ќе имаме бран од Делта сојот.

Во јуни не слушаа кога велев дека треба да се воведат ПЦР тестови на граница или карантин за патниците.

Во јули ме правеа буд ала кога велев дека Тетово треба да се стави во 5-дневен локдаун по првиот увезен случај на Делта сојот.

Во август останаа глуви кога порачував да ги забранат свадбите и да ги спремат ковид болниците.

На сето тоа, не знаеја дали ќе растат бројките и решија да се јуначат и да гледаат десетици мтви дневно, не сфаќајќи дека немаат доволно вакцинирани.

Малку им беа 9.200 досега поч инати од ковид. Овие луд аци се навистина непоправливи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *