Познатиот новинар Огнен Јанески важи за човек кој одлично се снаоѓа во својата професија што ја работи.
Во своите 34 години живот, има повеќе од 20 години работно искуство, започнувајќи по животен пресврт кој го преживеал како дете. Првиот јавен настап го имал на возраст од пет години, пред публика од 600 луѓе, а најбројна публика која слушала негов импромту говор се над 90.000 луѓе на улица.“
Своето искуство го гради во неколку медиумски платформи, почнувајќи на 11-годишна возраст. Со неговото прво вработување во 2007-та во МТВ1 – на свои 20 години станува најмладиот спикер на вести во историјата на јавниот сервис на Македонија.
Од 2008-та, во ТВ „Сител“ се истакнува како водител и уредник на контактни емисии, кои подоцна ќе му станат печат на новинарската кариера, преку познатата емисија „Бумбар“.
А потоа, откако кон крајот на 2011-та во ТВ 24 (каде сè уште работи активно) ја создава и најпопуларната емисија од ваков вид – „Очи в Очи“. Во 2019 бил и главен и одговорен уредник на телевизијата. Работи и како дописник и известувач за странски медиуми (Турција, Унгарија, Шпанија, САД…).
Јанески пред некој ден се огласи на својот профил на фејсбук и сподели што му се случило:
Важи за еден од најпретпознатливите гласови, борец за човекови права, идол на младите. Тој, со години е во етерот, морален коректор, оратор, модератор, односно, со неколку зборови го бива за се’.
Исклучителна благодарност сакам да изразам до д-р Ведат Бектеши, сестра Суеља и дежурниот тим на Универзитетската клиника по хируршки болести ,,Св. Наум Охридски” – Скопје што попладнево со брза реакција ми санираа пов реда која заврши со четири конци на левата шака, откако паднав на работа, излегувајќи од студио.
Благодарност многу и за сите пациенти кои чекаа ред, а ме пропуштија пред нив, особено зашто кр вавењето не запираше.
Љубов до моите најдраги Искра (струшкиот Шумахер), Лидија, Тони, Весна, Никола и Влатко, а и дежурните колеги на работа за грижата.
А да и Тина со која монтиравме по телефон додека бев на болница, за да може утре во вестите во 20 часот да го гледате најновото интервју од рубриката ,,Разговори за Конески”, со проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, на Телевизија 24.
Викендот може да почне. З’арно – з’уб’о!