Инфектологот Цана сведочи за состојбата на Инфективна клиника во Скопје. Нема повеќе слободен кревет

  • By admin
  • август 15, 2021
  • 0
  • 4417 Views

Ситуацијата со вирусот во Македонија од ден во ден станува потешка за што сведочат бројките. Свадбите на затворено ги полнат ковид центрите во државава.

Надлежните заслугите за раст на бројките на ковид позитивни го препишуваат на граѓаните за непочитувањето на мерките.

Според лекарите, заг рижува и фактот што се помлади пациенти се хоспитализирани. На Инфективното одделение и модуларната болница во Гостивар нема повеќе место за пациенти.

„Од вчера е одлучено и интерно и невролошко одделнеи да почнат да примаат пацинети позитивни на ковид 19. Имаме 70 пацинети. Имаме пацинети на возраст од 35 години па нагоре до 50 години.

Иако голем дел од пациентите се на возраст од околу 50 години, има сепак доста пацинети кои се помлади од оние кои ги имавме во претходните бранови“ – изјава Гент Билали – лекар од Инфективно одделение – општа болница Гостивар.

Полна е и тетовската болница – поради големиот наплив, пациентите се сместуваат во болницата во село Лешок. Здравствените власти најавуваат можни нови дополнителни мерки за градот.

„Доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје. Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре“ – велат од Министерство за здравство.

Во Куманово засега состојбата е стабилна, и има празни болнички кревети, но од досега хоспитализираните пациенти сите се на кислородна поддршка.

„На инфективниот оддел имаме 15 пацинети, во модуларната 10. Сите се на кислородна поддршка, со средно тешка и тешка клиничка слика. Место има доволно во модуларната болница, другите оддели функционираат вообичаено“ – информираат од општа болница – Куманово.

Новиот бран болни со ковид 19 е многу порано отколку што можеше да се предвиди, оценува инфектологот Фадил Цана. Тој додаде дека веќе нема слободни кревети на Инфективната клиника во Скопје, додека возраста на заразени од овој вирус е од 25 години па нагоре.

„Капацитетите на Клиниката за инфективни болести се пренатрупани. Од вчера нема слободен кревет. Што се однесува до нормалната возрасна група, огромното мнозинство се уште е најстарата возрасна група, но во овој бран, сепак, се на паѓаат и помладите возрасни групи.

Главно, во Клиниката за инфективни бол ести има значителен број хоспитализирани од млада возрасна група, од 25 години па нагоре“, рече Фадил Цана за Алстат ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *