Александар кој гасне пожар во пехчевско: Едвај жива глава извадовме, на браникот на цистерната се спасувавме

  • By admin
  • август 7, 2021
  • 0
  • 1780 Views

Центарот за управување со кр изи информираше за состојбата со пожарите до 9 часот.

Според информации од Центарот во штипскиот регион пожарот кој започна на 2 август во атарот на село Нов Истевник, маало Пасјак, е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри, до овој момент опожарена е површина од 1.100 хектари со борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна во атарот на селото Нов Истевник.

Податоците се однесуваат на зафатената површина од пожарот на територијата што е на Општина Делчево.

Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 4 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 60 припадници на АРМ, 25 вработени во Шумско стопанство „Голак“ од Делчево, со 4 теренски возила, ТППЕ – Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива.

Пет припадници на Гранична полиција со 4 теренско возило дефендери, 10 припадници на ОВР – Делчево со 3 теренско возило , ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани 2 хеликоптери на АРМ и РЦУК – Делчево со 2 вработен ТППЕ од Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило, МВР од единица Тигри со 24 вработени, МВР – ЕБР со 22 вработени и ТППЕ од Р.Бугарија со 6 пожарникари и 1 ПП возило цистерна Пожарот е сеуште активен.

Екипите што се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарот се распоредени на повеке кри тични места со цел пожарот да се стави под контрола Во овој момент најлосо е на место викано Света вода помегу селата Тработивиште и Разловци.

Волантери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот. Во гаснењето на пожарот учествуваат и жители од месното население.

До овој момент пожарот што е на подрачјето на општина Делчево е заобиколен и ставен под контрола. Заради контрола преку ноќта на терен ќе останат екипа од ТППЕ Делчево со 1 ПП возило и 4 пожарникари и екипа од МВР Скопје.

Пожарот кој започна на 2 август на м.в.Бејаз Тепе е сеуште активен во селата Робово, Мачево и Будинарци. На терен се 100 припадници на АРМ, 20 Ренџери, има Помош од Бугарија со 3 ПП возила и 25 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени.

Екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз и 15 вработени, ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари, 1 ПП возило од Скопје, 1 ПП возило од Штип, 1 ПП возило од Струмица, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени, РЦУК Берово 2 вработен, 80 луѓе од месното население.

На терен е и екипата од Словенија, како и екипа од Австрија Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на висок пожар во с.Будинрци. Во попладневните часови дејствуваат три хеликоптери на АРМ на потегот Робово – Будинарци.

Од ЦУК велат дека е ал армантна ситуацијата околу Будинарци и Мачево.

Состојбата во атерот на селата: Црник, Умлена и Чифлик од попладневните часови е стабилна и на сите места има распоредено екипи за контролирање на опожарените површини.

Пожарот околу селото Црник е ставен под контрола, на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над село Мачево и таму има екипи распоредени. Околу село Робово се прави појас за да се се прекине пожарот.

На терен има бројни екипи и луѓе кои се справуваат, а еден од оние кои помагаат во гаснење на пожарот сведочи.

„На терен сме уште од утрото во пет часот, ситуацијата е таква што едвај жива глава извадивме. Еве со колегата, со последната цистерна на која што се качивме на браникот и се извлековме откако огинот префарли. Има доволен број на луѓе, но пожарот е од големи размери“ изјави Александар Неделков од Серта, Штип, за Малешнет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.