Голем потег и на Македонците во Германија: Се обединија за малиот Јаков и собраа 16.000 евра

  • By admin
  • јули 28, 2021
  • 0
  • 2690 Views

Како што е познато во тек е голема хуманитарна акција за малиот Јаков од Кочани. Ова детенце ги обедини како граѓаните во нашата држава, така и од дијаспората.

Вчера веќе информиравше за убава вест која ни пристига од далечната Австралија. Имено Џим Ристевски кој има македонски корени, за неполни два дена успеа да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари за хемо терапија за двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.

-Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме.

Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

За Јаков денес пристигна уште една убава вест, повторно од дијаспората. Овојпат од Германија, европска држава во која има многу нашиниц.

Ивана Донева која е сограѓанин на малиот Јаков од Кочани, а која живее и работи во Германија организираше хуманитарна акција за донации.

„Малиот Јаков не сплоти сите каде и да сме. Тие најубави очи дирна многу срца и верувам никој не остана рамнодушен. Са само 2-3 дена успеавме да ја собереме сумата од 16.038 евра во Германија која е неопходна за Јаков, мојот сограѓанин од Кочани да замине на лекување“ изјави Ивана за Кластер.мк

Нашата дијаспора уште еднаш се покажа на дело со собраната сума од 16.038 евра што е секако за поздравување и сите искрено се надеваме дека малиот Јаков ќе издвојува најважната победа, онаа за живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.