Снежана од Крива Паланка ја напуштила работата како наставник за да вози шлепер, а сега стана и директор

  • By admin
  • јули 29, 2021
  • 0
  • 12620 Views

Добро познатоа е дека многу Македонци се решваат за живот да заработат зад воланот, а најмногу пари носи работата како возач на камион.

Оваа работа од година на година станува се попривлечна за младите кои откако ќе положат за неопходните категории веднаш се фаќаат зад воланот.

Многу наши возачи се решаваат да заминат и да возат ширум европа, а исто така и наши кои ќе заминат во САД исто така започнуваат да работат како возачи на камион.

Возрасната граница постојано се спушта, а бројот на македонски шофери низ светот постојано расте иако оваа работа како и многу други не е така лесна.

Кабината од камионот ти станува секојдневние, дом во кој се поминува и по неколку месеци без да си ги видиш најблиските и семејството.

Но притоа носи добра заработка, па многумина се решаваат да купат свои камиони и така да отворат фирма па стануваат и газди.

Сведоци сме дека многу наши сограѓани, и во поодминати години се решваат да си дадат отказ од работата што ја работат и да запливаат во светото на шоферите.

Еден таков пример ни пристига од Кирва Паланка, но она што го прави овој случај за издвојување од другите е тоа што е жена.

Станува збор за Снежана Танчиќ која работела како наставник по физичка култура во ООУ„Јокаим Крчовски“ во Крива Паланка, но решила да ја напушти оваа професија.

Таа во интервју за „кумановонјус.мк“ откир дека со нејзиниот сопруг ја продале куќата и започнале со овој бизнис кој сега добро им оди.

И самата Снежана положила за камион и работи професија која многумина ја нарекуваат машка.

Снежана открива дека нивниот бизнис добро оди и се шири, па сега отвориле фирма и во Словенија. Иако таа е директор на својата компанија, како што вели се случува да треба да замени некој шофер, па го фаќа воланот и прави тури.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *