(ФОТО) Му дојде редот и на Горан Пандев: Македонските фудбалер пред неколку моменти јавно објави

  • By admin
  • јули 26, 2021
  • 0
  • 15648 Views

По обврските со нациионални тим и повлекувањето од репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев се уште се одмара и не е познато дали ќе ја продолжи кариерата на клупски план.

Тој своето слободно време го поминува со сопругата Надица со која се во брак до 2009 година имаат две ќерки и еден син кои се неговото најголемо богатство.

Пред неколку дена Пандев на социјалните мрежи објави фотографии од своето семејство со посебна причина.

Тој сподели најпрвин заедничка фотка на стори со своите три дечиња, Филипо, Ана и Софија на кои сите позираат облечени во бело и излгедаат навистина елегантно.

Имено Пандев сподели нови фотографии, овојпат на објава со кои и го честиташе роденденот на својата најмала ќерка Софија која полни 3 години.

Македонскиот фудбалер Горан Пандев во интервју за емисијата „СпортЛајт“ зборуваше за неговата кариера, но и македонската репрезентација.

– Кај нас играат многу играчи. Има Албанци, Труци, Македонци, разни националности, но навистина живееме како едно семејство тоа се гледа и на теренот и надвор од него затоа што сите меѓусебно се почитуваме и тоа мислам дека е најголема заслуга на Игор Ангеловски, вели Пандев.

Зборуваше за гестот на Холандија на последниот меч во дресот на Македонија.

„Навистина не очекував таков гест од Холанѓаните. Им благодарам за тоа, ќе го паметам тој момент цел живот. Да го направеше мојата репрезетнација во Скопје, немаше да биде изненадување за мене. Но, во Амстердам да ми подарат дрес и цела публика да стане на нозе… Среќен сум што завршив на тој начин“.

Попладнево Горан Пандев на својот профил на Инстаграм во опцијата стори сподели уште една фотографија.

На истата се гледа како нашиот најдобар фудбалер прима вакцина, односно му дојде редот и нему.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.