Австрија воведува нови мерки за влез во државата

  • By admin
  • јули 26, 2021
  • 0
  • 1388 Views

Ширум европа, но и светото веќе се подготвуа за нов бран на корона вирусот, овојпат предводен од делта сојот.

Показател за тоа се бројките кои се во пораст од дена на ден, за што веќе повеќе држави започнаа со воведување на нови мерки.

Пред неколку дена тоа го направи Германија, а сега слична одлука донесеоа и од Австрија.

Имено Австрија воведува задолжителен ПЦР тест за лица кои се враќаат со авион од празниците од Шпанија, Холандија и Кипар, кои не биле целосно имунизирани, односно го прележале Ковид-19.

Според упатствата на Министерството за здравство, сите патници кои доаѓаат во Австрија со авион од овие три земји ќе треба да поминат на ПЦР-тестот на аеродромот.

Оние што ќе одбијат ПЦР тестот, кој е бесплатен, ќе бидат казнети со парична казна до 1.450 евра.

Патниците ќе го добијат резултатот од тестот на својот мобилен телефон, а додека чекаат за резултатот, нема да мора да бидат ставени во карантин.

Врз основа на резултатите од тестот, ќе се донесе одлука за понатамошни мерки.

За сите што се враќаат со автомобил од одмор, засега не е нешто многу сменето, освен ако не доаѓаат од земји со висок ризик.

Тие ќе треба да се регистрираат однапред.

Една третина од новите инфекции се поврзани со враќање од одмор. Затоа мора да сториме нешто – рече министерот за здравство, Волфганг Микштајн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *