Пред неколку дена пишувавме за случка во која медицински техничар од брзата помош Скопје кој летувал во соседна Албанија спасил детенце во Саранда.
Овојпат ни пристига уште една слична вест, а овојпат во главна улога е првиот човек на Општина Штип, Сашко Николов кој е доктор, поточно интервентен кардиолог.
На социјалните мрежи кружат фотки, како и текст во кој се опишува целата ситуација и што точно се случувало:
Во текот на попладневна плажа, сите си игравме со своите деца во водата, наеднаш една жена изгуби свест и пропадна во водата. Сите испаничено почнавме да бараме помош.
Од никаде се појави едно момче, кое исплива од водата и веднаш почна да ја реанимира жената. После 15 минути, момчето ја смири целата ситуација на самата плажа и од она што го видов, на жената и се врати бојата на кожата на лицето.
Кога добро го загледав момчето, видов дека станува збор за нашиот градоначалник Д-р Сашко Николов, кој несебично се впушти во спасување на животот на жената.
После 30 минути дојде брза помош, кои внимателно ги испочитуваа инструкциите од нашиот градоначалник, кој помогна да жената ја качат во брзата помош и ја однесат жива во болница.
Кога се врати на плажата, сите започнаа да ракоплескаат, а тој им посочи дека не треба да ракоплескаат туку да дадат поддршка за фамилијата на жената. Каков човек!!!
Среќа што на оваа плажа беше нашиот доктор, нашиот штипски градоначалник.Случката се шири по социјалните мрежи