Трајко од струмичко кој живее во никакви услови со молба: Барем една собичка ако може да добијам

  • By admin
  • јули 24, 2021
  • 0
  • 3593 Views

Во куќа без кров, без приклучок за струја и вода, во соба полна со влага, таван што прокиснува и подови од бетон, вакви се условите во кои го минува животот 66 годишниот Трајко Николов од струмичкото село Добрејци.

Живее сам, а работа нема. Единствениот приход му се 6000 денари кои почнал да ги добива од државата пред неколку месеци.

Благодарен е на помошта, но со неа едвај успева да ги обезбеди основните прехранбени намирници, за потребните лекови се снаоѓа како знае и умее.

„Многу ми е тешко, што попрво да купам си тие 6000 денари, тоа се по 200 денари на ден“, вели Трајко за Сител ТВ.

Сакал и да работи, но поради возраста никој не сака да го ангажира. Немајќи друг излез решил јавно да побара помош од хуманите луѓе.

Не бара многу, единственото што го сака е некој да му помогне да го направи кровот да се опреми собата за да добие основни услови за живот.

За тешките услови во кои живее Трајко сведочи и Спасо Јованов од Добрејци. Вели тој помага колку што може, но сепак не е доволно да се оспособи барем една соба за живот.

„Јас не знам каков е тај живот и тој како воопшто го живее. Значи такво нешто немам видено во светот кој го имам прошетано. Може има такво нешто но не сум влегол. Затоа јас еден апел сакам да упатам до сите и фирмите кој се во можност и имат желба на човекот на да му помогнеме.

66 годишниот Трајко не посочува никого за неговата состојба и не бара многу. Единственото што го сака е некој да го слушне неговиот апел и му помогне конечно да се направи кров на куќата што започнал да ја гради пред две децении и да добие една пристојна соба за нормален живот.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *