Никола Груевски се огласи и сподели на кое ниво паднала Македонија

  • By admin
  • јули 7, 2021
  • 0
  • 10370 Views

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски за првпат се огласи овој месец преку социјалните мрежи и сподели:

-Во најновиот извештај на Global Finance Magazine, Македонија од сите рангирани се најде во последните 10 земји на ранг листата на најбезбедни земји во светот 2021 година.

Поточно, помеѓу десетте најмалку безбедни земји во светот. Само некоја година претходно сме биле на 56. место.

Овие рангирања за безбедност на земјите земаат предвид три основни фактори: во јна и мир, лична безбедност и ри зик од природни ка тастрофи, вклучувајќи ги уникатните фактори на ри зик што произлегуваат од Ковид-19.

Највисоко рангирани земји според безбедноста се Исланд, Обединети Арапски Емирати, Катар, Сингапур, Финска,Монголија,Норвешка, Данска, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Бахреин, Кипар, Швајцарија, Австрија, Естонија, итн.

Подобро рангирани од Македонија се Ел Салвадор, Хондурас, Венецуела, Пакистан, Јужно Африканската Република, Чад, Либан, Мали, Демократска Република Конго, Пакистан, Камерун, Јамајка, Тринидад и Тобаго, Еквадор, Иран, Багладеш, Хаити, Ерменија, Гвинеа Бисау, Панама, Никарагва, Кенија, а далеку подобро рангирани се Бурунди, Бурлина Фасо и Индија.

Во подобро рангираните се и Црна Гора, Украина, Бугарија, Романија, Молдавија, Турција, Србија, Албанија, Русија, Аргентина, Тунис, Танзанија, Боцвана, Руанда и други.

Полошо рангирани од Македонија се: Јемен, Перу, Мексико, Колумбија, Гватемала и уште неколку други.

Во овој извештај свое значајно влијание има пандемијата со сите нејзини параметри, како см ртноста, вакцинацијата итн.

Но, што и да влијаело на сето ова, постои ри зик, покрај реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, овој извештај да се одрази негативно на приливот на странски директни инвестиции, имајќи во обзир дека рангирањето е направено од субјект кој има голема доверба во светот на финасиите и бизнисот.

Потребна е детална анализа на извештајот и потоа конкретни мерки кои реално ќе ги подобрат состојбите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *