Стојанче Ангелов емотивно до својата сопруга Јасминкa: Толку одамна а како да беше вчера.

  • By admin
  • јули 7, 2021
  • 0
  • 3218 Views

Нивните блиски за нив често знаат да кажат – Се стркалало лончето, си го нашло капачето. Јасминка и Стојанче Ангелови, познати како брачни сопружници и бор ци за правичност, се пар кој зад себе има многу бури, но и како што велат, љубов посилна од се.

Живеат хармоничен живот исполнет со љубов и разбирање и се горди родители на четири деца. И двајцата имаат по една ќерка од претходните бракови, но и ќерка и син кои ги добиле заедно.

-Најпрвин остваривме директна комуникација на една задача кога јас како полициски оперативец опсервирав едно лице и Стојанче ми беше одреден како човек кој требаше да ме придружува и да ми помогне во апсење на истото. Го познавав само по видување, изјави своевремено Јасминка во интервју за Фокус и притоа додаде:

Беше директен и ме поздрави со зборовите „Конечно да се запознаеме најубава колешке“. Јас го прифатив како комплимент и му реков да не се шегува пред акцијата која беше многу важна за мене. Тој остана сериозен.

Во понатамошните разговори што ги водевме ми призна дека ме забележал половина година претходно на новогодишната прослава и се распрашувал за мене.

Следуваа долги часови и денови на заеднички задачи и средби, а тој не престануваше да ми зборува и зборува за разни нешта кои отсекогаш ме интересирале.

Поминувавме речиси по цели денови заедно. Продолживме со спонтани дружења, одевме заедно на стрелиште, пешачевме, планинаревме, со секој изминат ден ме освојуваше со секакви ситници, така со него за прв пат пиев турски чај во ориенталното кафуле New Age, ми откриваше еден свет кој за мене дотогаш беше непознат, но како да ми недостасувал и навистина претставуваше голем предизвик за мене. Како добар истражител непознатото ме привлече да го откријам и не згрешив.

Вчера Стојанче сподели заедничка фотка со сопругата на фејсбук и напиша емотивна порака во која што вели:

-Толку одамна а како да беше вчера. 17 години заедно. 17 години бо рби, порази и победи. 17 години љубов, почит и страст, љубов крунисана со две најпрекрасни деца на свет.

За крај и една песна посветена на мојата прекрасна, понекогаш луцидна сопруга, во коментар.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *