Наум Петрески распали: Затоа ја губиме и изгубивме земјава, долу Влада

  • By admin
  • јули 2, 2021
  • 0
  • 8367 Views

Наум Петрески е еден од најпознатите македонски пејачи на народна музика. Петрески како и многумина пејачи изминатата година како и другите музичари се без работа поради актуелната ситуација.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Македонската фолк ѕвезда иако има скопска адреса на живеење, поголемиот дел од времето го поминува во родната Струга, која за Наум е посебна, има нешто што другите го немаат:

„Струга е посебно место за мене. Прво е мој роден крај, второ го имаме Дрим, го имаме езерото, имаме многу работи што нема во Скопје. Цела зима моите другари нуркаат, јас ќе полнам скоро 55 години и гледам да не настинувам многу, но на лето влегувам во и под вода“…

Како што е познато Наум е оженет со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова.

Популараниот фолк пејач Наум Петрески ја одбива државната помош за естрадни уметници во износ на две бруто минимални плати, односно од околу 21,776 денари, која им следува на 731 естраден уметник од земјава, како поддршка во справувањето со вирусот.

Тој во едно интервју за Бекстејџ говореше на многу теми, меѓу кои и за актуелната ситуација:

„Тешко е, преживуваме некако без музика, но не е лесно. Последната година сум во минус од 60, 70 000 евра. Така да живееме со плата од жена ми и пензија од мајка ми“, изјави Петрески.

Денес Наум Петрески повторно е актуелен во јавноста по изјавата која што ја даде за „Фокус“, а во која што пејачот вели:

Долу Влада. Најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа е тоа. Нема мерило во оваа земја за квалитет, туку за партиска припадност. Затоа ја губиме и изгубивме земјава“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.