Апасиев сведочи што му се случило со еден полицаец ноќва кога возел накај Штип

  • By admin
  • јули 2, 2021
  • 0
  • 7977 Views

Лидерот на Левица и актуелен пратеник во собранието, Димитар Апасиев секогаш знае да биде актуелен во јавноста.

Така беше и овојпат кога доцна синоќа преку својот профил на фејсбук сподели што му се случило.

Апасиев реши со јавноста да сподели момент кој се случил додека патувал, а притоа вели:

-Ноќва возам накај Штип. Ме запира ЏАНДАР, ваљда обучен на курс.

Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за “недозволени супстанци”! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?

Ми вика, ќе ти пишам казна 500 ЕУР за одбивање “дување”!? Му викам, господине, ја “дување” никад не одбивам, ама за претрес на пратеник ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација).

Сфаќа дека ја укакал. Дувам – алк охол 0.00. Ми вика слободен си.

Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба, Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за “дувањето”. Ве молам постапете така. Одбива пак!

Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони).

После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување.

Наравоучение: не се ку рчи, коа не знаеш право!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *