(ФОТО) Али Ахмети објави фотка од младоста и се потсети кога побегна во Швајцарија

  • By admin
  • јули 1, 2021
  • 0
  • 2898 Views

Али Ахмети долги години е на политичката сцена. Тој завршил литература во Тирана. На 5 мај 2002 во Домот на културата во Тетово, ја промовирал политичката партија Демократската унија за интеграција.

На Ахмети своевремено му била дијагностицирана шиз офренија од страна на психијатри во Швајцарија, поради што и беше прогласен за неспособен за труд.

Али мошне врзан за Швајцарија, па така недамна во неговото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека уште во 2001 година изјавил дека планира да ја направи Македонија како Швајцарија.

– Тогаш дел од македонските медиуми и политичари го разбраа тоа како провок ација. Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија.

Еве сме денес, 2021, 20 години подоцна, Македонија е членка на НА ТО, и денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се потсети дека на 1 јули пред 37 години побегнал од Приштина во Швајцарија и објави своевремена фотографија од деновите како активист.

„На денешен датум, пред 37 години, по две апс ења, бев принуден да избегам од тајните служби во Приштина и за прв пат пребегав во Швајцарија.

Беше празник. Почнав од базата каде беа сокриени Реџеп Мала и Нухи Бериша. Дамата на куќата, храбра и патриотка, ни донесе десерт за да го одбележиме празникот. Во раните утрински часови заминав за да избегнам трето апс ење.

Демон страциите од 1981 година, пред точно 40 години, служеа како катализатор на промените во поранешна Југославија, што резултираше во три ослободителни вој ни, мировен договор, независност на Косово и еднаквост на Албанците во Македонија и членство во НА ТО“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.