Поради 15.000 Македонци со бугарски пасош започна акција во соседна Бугарија

  • By admin
  • јули 1, 2021
  • 0
  • 18603 Views

Како што јавуваат медиумите од кај нашиот источен сосед, во Бугарија денеска започна специјализирана полициска акц ија, која ќе трае до денот на изборите, најави Бојко Рашков, министерот за внатрешни работи на Бугарија.

Рашков рече дека поранешен бугарски министер за внатрешни работи и поранешен регионален гувернер се состанале во Ќустендил за да разговараат за тоа како да привлечат 15 000 Македонци со бугарско државјанство да гласаат во Бугарија.

Ова е еден од случаите за купување гласови, на кој работи МВР, посочи в.д. министер за внатрешни работи Рашков на прес-конференција.

Рашков посочил дека имало и други информации за „изборен туризам“ во регионот Благоевград, како и за контрола од лихвари во регионот Карнобат, па дури и лажни апликации за гласање во Германија.

Според министерот за внатрешни работи на Бугарија, поранешниот регионален гувернер е хоспитализиран.

-Тој е болен за работа, но не е болен за таков собир, каде се разговарало за прашањето како да привлечат 15 000 Македонци со бугарско државјанство за да гласаат во нашата земја. Повторувам – поранешен министер за внатрешни работи, подвлекува Рашков.

Според него, полицијата има податоци дека во многу населени места се планира концентрација на голем број бугарски граѓани на истата адреса во деновите пред изборите.

Одржан бил состанок и разговори со регионалниот гувернер на Благоевград, каде што во едно село во округот, илјадници граѓани кои се регистрирале таму, одеднаш се појавија на истата адреса, рече Рашков. Вакви појави се очекува да се случуваат и во други области.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *