Стоја од Скопје низ солзи: Често ме исмеваат поради состојбата на децата, што да правам и јас сакам да се како сите други деца

  • By admin
  • јуни 15, 2021
  • 0
  • 11337 Views

Стоја Миленковиќ од скопско Чучер- Сандево е мајка на три деца, таа на млади години станува мајка, а и истотака и млада започнува да се бори со многу предизвици во животот.

Двете деца и се со посебни потреби, па така таа неможе да ги остави нив и да отиде на работа за да ја подобри финансиската ситуација и да закрепне.

Оваа 44 годишна жена може на прсти да ги избори моментите кога била среќна, често е диксриминирана и осудувана поради ситауцијата со децата, а својата животна сторија ја раскажува во емисијата ,,Срце на Дланка,,

– Од кога сум родена се ма чам, нема некое добро детство ,ама не беше ни толку лошо, крпевме некако крај со крај. Потоа мислејќи дека ситуацијата ќе се подобри се мажам.

– Имам три деца, две машки едното 17 другото 23 години, и една ќерка која е мажена, машките деца ми се со посебни потреби. Особено овој поголемиот неможе баш добро да се контролира.

– Тој не беше од раѓање таков, до 10 ипол месеци беше нормално бебе, но потоа прими вакцина, и почна многу чудно да се движи и гестикулативно да дејствува, вели Стоја.

– Додека пак помалио син кој има 17 години, тој имаше операција на ушните тапанчиња, има проблеми, сеуште незнае да чита и да распознава има проблем со памтењето, вели со тешко срце оваа мајка.

– Омаловажувана сум и тоа со погрдни зборови, ме обвинуваа дека јас сум крива за состојбата на децата, и пријатели, и комшии и што е најбитно роднини.

-Затоа бевме приморани и да се одселиме од куќата каде што живеевме повеќе членови, бидејќи веќе не се издржуваа тие притисоци, јас од децата не се откажувам тие ми се се на свет.

– Јас работам на нога сум од 8 до 4 не седнувам ни пет минути работа каде ќе ме викнат, но што попрво да направам со една миминмална плата, сопругата неможе да работи децата зависат од неа. Еве сега се одделивме поарно ќе живеам и во едан соба само да не ги трпиме тие навреди, вели Сашко, сопругот на Стоја.

– Еве овде во дворот садиме кромид, тиквици, и слично, колку толку занимација а и да се прехраниме, бидејќи ситуацијаа не е сјајна. Неможеме крај со крај да сврземе.

– Ова семејство живее многу лошо, отфрлени се од опшеството, немаат многу пријатели, никој не сака да ги дружи децата бидејќи се со посебни потреби, живеат многу лошо, на овој семејство му не непходна помош, јас помагам колку можам вели сосетката Лиле.

– Голема желба ми е да се подоправат децата, јас секој ден се молам, молитвата ми е многу битна, барем поголемиот да му се опушти раката, да може барем самиот да се гледа,а секако и сакам и собите да ги до средиме да имаме минимални услови за живот, вели Стоја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.