Пристига вест која ќе ги израдува сите Македонци кои чекаат бугарски пасош

  • By admin
  • јуни 15, 2021
  • 0
  • 18017 Views

Пред неколку дена пренесовме информација од медиумите кај нашиот источен сосед, која вели дека повторно се видливи колоните на наши граѓани во редот за бугарски пасош.

Бугарскиот весник „Труд“ објави за голема редица македонски граѓани во Софија, кои чекаат за да добијат бугарски пасош.

„Минерална вода и книги од автори како Симеон Радев и браќата Миладинови беа дистрибуирани од Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија“ на оние што чекаа пред Дирекцијата за бугарско државјанство во Софија“, известува „Труд“.

Редицата на лицата кои што аплицираат за пасош повторно се зголемила како пред пандемијата, бидејќи поради строгите ограничувања на институцијата поради ковид-кризата, таа не прифаќала документи на апликантите веќе подолго време.

„Повеќето од луѓето во редот се државјани на Република Северна Македонија, кои со автентични документи потврдуваат дека имаат бугарско потекло и сакаат да ги добијат наш пасош и државјанство“, пишува бугарскиот весник.

Бугарските власти планираат да преземат мерки и да го забрзаат процесот на издавање на државјанства. Шест илјади странци чекаат бугарско државјанство, oбјави БГНЕС.

Министерството за правда на 28 мај објави дека од 31 мај 2021 година, Министерството за правда ќе обезбеди бесплатен прием на граѓани за добивање на сертификати во согласност со уредбата за стекнување бугарско државјанство. Ова е со цел да се надмине доцнењето поради лошата администрација.

Во периодот од 31 мај до 8 јуни годинава, издадени се вкупно 1.070 потврди за државјанство од Дирекцијата за бугарско државјанство.

Министерството уверува дека работат на зголемување на бројот на работни часови што можат да се резервираат по електронски пат. Велат дека со новите мерки ќе се надмине огромното чекање.

Голем број македонски граѓани земаат бугарски пасоши, со цел да работат во Европа. Се споменуваа бројки од 80.000 до 120.000.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *