Првиот човек на германското здравство повторно ги посочи нашинците од овие простори

  • By admin
  • мај 27, 2021
  • 0
  • 966 Views

Јенс Шпан, германскиот министер за здравство ги отфрла критиките на своја сметка поради изјавите за поврзаноста на патувањето на Балканот и ширењето на заразата со коронавирус во Германија.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан останува на своето – луѓето кои патувале на Балканот и во Турција минатата година придонесле за зголемување на корона-инф екциите.

Тој ги погледнал уште еднаш извештаите на институтот „Роберт Кох“ од 2020 година и, како што вели, „кога ќе ги погледнете земјите каде што се случиле инфекциите, меѓу првите десет земји се пред сѐ држави од Западен Балкан и Турција, како и типичните туристички дестинации на Германците“, изјави Шпан вчера за телевизијата РТЛ.

Реагираше и турската заедница во Германија. Заменикот претседател на Турската заедница, Серхат Улусој оцени дека Шпан „става под генерално сомневање цели групи од населението“ и „ѝ отвора врата на стигматизацијата“.

„Вториот бран е создаден дома и добар корона-менаџмент изгледа поинаку“, вели Улусој, кој оценува дека Шпан сака „изборна борба по секоја цена и врз грбот на луѓето“.

Со изјавите на Шпан се занимава и германскиот печат, а според истражувањето на весникот „Тагесшпигел“, тие се „содржински во најмала рака недокажани и веројатно погрешни“.

Според весникот, замена на поими води до погрешни заклучоци. „Од сите инфекции се препознава и пријавува само дел – минатото лето многу помалку отколку сега, затоа што тогаш немаше на располагање брзи тестови и се тестираше многу помалку.

За оние кои се враќаа од одмор, меѓутоа, од август 2020 година беа понудени бесплатни тестови, а балканските држави, како и Турција, важеа за ризични подрачја.

Оттука, инфекциите меѓу оние кои се враќаа од овие земји веројатно беа многу повеќе регистрирани, отколку кај остатокот на населението, што создава крива слика“, напиша весникот.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче Веле на македонски јазик

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.