Јордан Митев упати порака до Македонците во Швајцарија

  • By klaster2
  • февруари 26, 2022
  • 0
  • 318 Views

Јордан Митев важи за еден од нашите најпознати и најбарани пејачи. Потекнува и живее во радовишко Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Митев зад себе остави тешка година поради здравствените про блеми што ги имаше кои за среќа ги надмина и се врати на сцената.

Тој пред некој ден се обрати на социјалните мрежи и низ песна а потоа говор упати неколку зборови до нашинците во Швајцарија.

– Драги Македонци, фанови каде и да сте, сакам да ве информирам вас фановите во Швајцарија. За сите љубители на добрата песна и забава.

– Оваа сабота ќе бидам во местото Вилар ле Тероир, таму ќе одржам солистички концерт ќе биде по повод за изминатито празник св Трифун

– Како и за претстојниот 8- Март, така се поклопија коцките, за да се одржи концертот помеѓу овие два празника, поминаа две години од последниот мој настап.

– Две години кој беа прилично тешки за сите нас, живеевме во едно тешко време. Мило ми е што после долго време ќе пееме и ќе се радуваме на животот.

– Јас ќе дадам се од себе, а тука во организација ќе помогне и македонското друштво, ќе има одлична забава и ќе ги пееме сите песни.

– Ви посакувам да имате убав ден и да бидете живи и здрави, и секако голем поздрав до сите мои фанови, вели Митев во обраќањето на својот профил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *