Јелена месечно произведува по еден тон сирење: Прстите ми се искривени од работа но не се жалам

  • By klaster2
  • декември 26, 2021
  • 0
  • 357 Views

Сирњето е чест млечен производ на нашата трпеза и на многумина редовен продукт за јадење дали било тоа за појадок, ручек или вечера.

Сирење е прехренбен производ кој се добива со коагулација на беловините во млекото и сурутката. Сирењата се произведуваат насекаде во светот во различни вкусови и форми.

Добро знаеме дека тоа се состои од млечни протеини и масти, и најчесто се прави од кравје, овчо, козјо. Се произведув со додавање на кимозин во млекото или со помош на бак тери кои млечниот шеќер го претвараат во млечна киселина.

Вкусот и конзитенцијата на сирењето зависи од: видот на млекото, начинот на исхрана на животните, содржината на млечните масти,

Како и пастеризација, начинот на изработка на видот на бактериите и мувлата што се користат, како и од староста на самото сирење.

На сирењата често се додаваат билки, се чадат или им се додаваат некакви ароми. При изработка на некој видови сирења млекото се згрутчува и со додавање на лимонска киселина.

Сепак верувам сите ќе се сложиме дека домашното сирење е едно од најдобрите најздравите и најчистите коа има незаменлив вкус.

Јелена Тодоровиќ од село Брезна месечно произведува по еден тон сирење. Нејзиниот работен ден трае и до 16 часа на ден.

Како што вели има проблем при продажбата на истото. Сопругот ја цени работата на Јелена и истакнува дека жената е основата на нашето општество.

– На годишно ниво прозиведувам 12 тони сирење, од толку работа прстите ми се искривија, но јас од работа не се жалам, вели Јелена.

– Работниот ден ми започнува во 4:30, се уште ништо не се гледа а јас сум станата, сакам да работам имаме 20 крави, додава таа.

– Домаќинката е основ на цело семејство, ако ја нема неа нема ништо, како што велат старите куќата не стои на земја стои на жената, вели сопругот Рајо.

– Ми велат дека не се исплати, но самата јас си знам, за живот имам не земам од никој заеми, можам да кажам дека се исплати и дека државата дава пари, вели таа заа ,,Радио телевизија Црна Гора”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *