Јанош е овчар веќе 30 години: Поубаво ми е овде да пешачам по 25 километри, отколку во канцеларија, таму не би поднел

  • By klaster2
  • јануари 13, 2022
  • 0
  • 436 Views

Иако може да се занимава со добро платени работи како бравар, заварувач или градежник, Јанош Куктин од Суботица избрал да биде овчар

Речиси три децении Јанош ги чувал овците од фармите од Сомбор и Келебија се до Кањижа, каде што сега живее со сопругата Аранка.

Секој ден, во зората, тој станува од креветот за да ги посети овците, да ги нахрани и да ги подготви за долга прошетка низ долината покрај реката Тиса.

Води на пасење околу 170 овци со педигре, додека на фармата има уште околу 150 што се молзат и нешто помалку јагниња за кои се грижи.

Тој вели дека оваа работа не би ја сменил за ништо на светот и дека ова е тоа што го исполнува и му дава мир на душата.

„Има денови кога пешачам 20, 25 километри. Не би се сменил, сакам да го правам ова, да ме пуштат да работам во канцеларија, не би поднел“ додава тој.

Ги храни овците и кога се во корал, ги молзи овците двапати дневно, ги чистам и средувам и ја средува волната кога ќе дојде време.

Но Помеѓу стотиците овци, една од нив му има влезено длабоко во срцето и не може да се одвои од неа и има уникатно мислење.

„Ја викам Ешас, многу ми е при срце. Таа ми е омилена. Кога почнав да ги шетам пред шест месеци таа не се согласуваше и ми водеше инает, малку по малку и се навикна потоа.

,, Сум имал и други понуди за работа и во градот да заминам за повисока плата но не би сакал, ако отидам таму ќе го изгубам мирот.

,, Овде сум релаксиран, никој не ме брза нешто да направам и што е најбитно имате воздух и тоа чист воздух секој ден, додава тој за ,,Курир рс”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *