Штипјанецот Хубрев: Нема друг избор освен да ги затвориме бензинските станици

  • By admin
  • март 11, 2022
  • 0
  • 419 Views

Цените на нафтените деривати и понатаму се една од најкоментираните теми во македонската јавност, а тоа така ќе биде и во следниот период, барем според она што се случува.

Цената на нафтените деривати се искачи до плафон, а државата најави воведување на мерка, поточно намалување на маржата за да се амортизира.

Ние не сме воени про фитери, туку поради намалената маржа ќе мора да ги затвориме бензинските станици, повторно излегоа со реакција од Здружението на брендирани и приватни бензински станици.

Претседателот, Ѓорѓи Хубрев, вели дека претходно планирале до Владата да достават барање за покачување на маржата со која и претходно тешко се опстојувало.

Меѓутоа, сега само добиле намалена маржа, повисоки давачки и исплата на плати за своите работници.

„Уште пред месец дена баравме состанок со Владата, на кој ние ќе баравме покачување на маржата, а не намалување, бидејќи покачена е и цената на струјата.

Пример во 2019 година цената на струјата беше 3,5 денари денес цената на струјата е 24 денари. Покачувањето на платите на вработените сѐ е е покачено“ – вели Хубрев и додава:

Маржата се намалува, како ние да и дадеме плата на вработените. Во 1999 година горивото беше 29 денари и имавме три денари, а сега цената е 97 денари, а на нас маржата да ни се намали.

Друг избор освен затворање на бензинските нема, вели Хубрев на денешната прес конференција.

Ние не сме вое ни профитери, ние работеме за да печалеме и да го дадеме она што треба на државата и да го дадеме она што треба на вработените. Ние точевме гориво иако го набавуваме по една цена, а го продааваме по друга цена

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *