Ширум Германија еден електричен уред наголемо се купува

  • By admin
  • октомври 10, 2022
  • 0
  • 195 Views

Со наближувањето на зимата, во Германија се бележи огромен пораст во продажбата на електрични греалки. Многумина ст равуваат дека нема да има доволно гас за да се греат домовите.

Тригодишно дете го изведува ултимативниот тест за купување на електрична греалка пред да ја препорача на татка си. Ги испружува двете дланки и глуми како да ги грее на огниште, додека татко му ја разгледува цената.

Двајцата се пред куп електрични греалки во посебен оддел во една продавница во Германија. За разлика од претходни години, во 2022 овде е посебно раздвижено.

Поради ст равувањата од недостиг на гас од Русија, домаќинствата трупаат скапи апарати за електрично греење. Заедно со други европски земји, Германија се соочува со растечки цени на енергенсите откако Русија го прекина снабдувањето преку гасоводот Северен тек 1.

Од почетокот на годинава во Германија се продадени 958 илјади електрични греалки, покажува истражувањето на институтот за истражување на пазарот ГФК до кое дојде ДВ.

Продажбата на електрични греалки на германскиот пазар во споредба со истиот период минатата година е зголемена за дури 76%.

Занимливо е дека во глобала продажбата е намалена за 5,1% ако се комбинираат податоците од пет европски земји (Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија и Италија).

Тоа значи дека додека во некои европски земји се продаваат помалку електрични греалки од претходно, во Германија луѓето наголемо ги купуваат.

„Порастот во периодот од јануари до август 2022 се должи само на масовното зголемување на продажбата во Германија. Сите други пазари покажуваат негативен резултат споредено со истиот период лани“, велат од ГФК. Индивидуални продажни места го потврдуваат таквиот тренд.

ДВ се обрати до Баухаус, германски ланец продавници специјализирани за потребите на домаќинствата, чијшто претставник во соопштение вели дека менаџментот забележал оти има „сезонски атипично зголемување на побарувачката за алтернативни средства за греење поради актуелната нејасна глобална ситуација и со тоа поврзаното зголемување на цените за гас и енергија.”

Целата сторија може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *