Како што е познато од социјалните мрежи познатите музичари Џими и Анета од Молика изминативе денови беа на кратка прошетка во Италија.
Ги посетија најистакнатите знаменитости во главниот град Рим меѓу кои и палатата на Папата за што не пропуштија да го документираат со фотографија.
Кога станува збор за нивната професионална, музичка кариера, не е потребно да се трошат многу зборови. Кога настапуваат Анета и Молика забавата секогаш е загарантирана.
Докажани, етаблирани во својата работа, како група постојат повеќе од 20 години а може да се пофалат со преполни концертни сали и ризница хитови кои сите ги знаат.
Анета Мицевска или во јавноста позната како Анета Молика е пејачката со најубав глас на нашата музичка сцена. Не постои песна која Анета не може да ја испее, а со својот ангелски глас да ја разнежни публиката.
Веќе ја резервираа турнејата во Австралија почнувајќи од есента, а потоа и во Канада и Америка каде што тамошните Македонци со нетрпение ги очекуваат по подолгата пауза поради вирусот.
Анета и Џими се повеќе од 18 години во брак, а претходно една година биле во љубовна врска. Од нивниот брак ја имаат ќерката Моника.
Анета како горда мајка често знае да сподели фотографии од нејзината наследничка. Она што сите веднаш го забележуваат е тоа дека Моника и Анета неверојатно многу си личат.
Џими од првиот брак го има и синот Марио кој е и фронтмен на групата „Молика џуниор“. Марио минатата година со своите фанови сподели убава вест, односно ја побара раката на неговата партнерка Тина Филиповска која исто така настапува заедно со групата „Молика џуниор“.
Среќниот свекор Џими тогаш на социјалните мрежи упати честитка до идните младоженци. „Со среќа и за век да ви биде и многу внучиња да си гледаме“, напиша на Фејсбук, а честитките и благословите веднаш почнаа да пристигаат.
Но, во фамилијата Мицевски пристигна уште една прекрасна вест којашто ја споделија и свекорот Џими, но и синот Марио.
Имено, Марио и Тина ја добија нивната прва рожба – добија ќеркичка која ќе го носи името Бојана. По тој повод Џими на неговиот профил напиша:
„Дедо станав!! Да ни е здрава и жива Бојана. Секаде господ да враќа само убави работи..“, а веднаш под објавата почна да пристига низа од честитки.