(ФОТО) Ќе има патлиџани оваа година – екс македонската министерка во нива со тесла во рака

  • By admin
  • мај 14, 2022
  • 0
  • 533 Views

Иако веќе од поодамна не е активна на политички план со некоја функција, Фросина Ташевска Ременски која многумина ја знаат како поранешен министер за труд и социјална политика, и понатаму знае да привлече внимание на јавноста.

Екс министерката имаше еден неуспешен обид неодамна да се врати повторно во политиката откако се кандидра за лидер на СДСМ, но на партиските избори не успеа откако победи нејзиниот конкурент и актуелен претседател на партијата Димитар Ковачевски.

Таа во меѓувреме повторно се врати на она што го правеше во изминатиот период и се посвети на фамилијата и домаќинството

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Често објавува како приготвуа специјалитети и зимници, а во слободно време е вклучена и во хуманитарни акции. Па така беше и неодмана:

Ден посветен за нашите сограѓани од Шуто Оризари. Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари готвиме со вредните ентузијасти и домаќинки за 300 семејства на кои им е потребна храна.

Ременски потоа во нова објава поопширно објасни за што станува збор:

Хуманоста и солидарноста како цивилизависки вредности мора да ги негуваме сите како граѓани и да го негуваме и видиме човекот во секој наш сограѓани, без никакви разлики и дискриминација.

Ако едно дете е гладно, тоа не може да мисли на игра, на учење и на училиште. Тоа е ранливо во секој поглед.Семејствата што живеат на работ на егзистенцијата и се борат да обезбедат храна имаат потреба од нашата помош.

Денес во Шуто Оризари видов како функционираат ентузијасти и домаќини во вистинска смисла на зборот. Благодарна сум што ја прифатија мојата понуда за помош што ми значи и мене, и на нив и на заедницата.

Пред извесен период Ременски преку фејсбук повторно се огласи од Малешевијата, поточно од Ратевo и притоа изненади од својот стајлинг.

Таа облечена во гумени чизми до колена, на себе носејќи плетено елече работеш во нива.

Овојпат ушрте еднаш покажа дека е вредна домаќинка, овојпат од скопското село Бардовци каде што со тесла ја средуваше нивата со патлиџани и притоа напиша:

Без балтија, к’рфија, тесла и чук не ја бива работата.Ден за притчење патлиџани во “Oрганската градина на Ременски 2022”

Селото Бардовци е познато по најубавиот патлиџан, нешто слично како брендираниот беровски компир, тетовско гравче, ресенско јаболко или неготинска раЧија од Васе Мојсовска. Ќе има за салата и зимница. Кој пробал знае

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.