(ФОТО) Љупчо Николовски покажа со каков поглед појадуваше: Богатство и енергија за се

  • By admin
  • мај 14, 2022
  • 0
  • 325 Views

Важи за еден од најистакнатите министри во актуелната влада на Македонија предводена од СДСМ – тоа е Љупчо Николовски првиот човек на Министерстово за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што е веќе познато Николовски се најде во новата Влада на премиерот Димитар Ковачевски и продолжи онаму каде што застан.

Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник.

Во февруари 2014 бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев.

Љупчо често знае да помине природ во пририода, како поради работните обврски така и со својата сопруга знаа да прошета во природа.

Така беше и неодамна кога Министерот Љупчо беше на село и посети млад човек кој решил да го замени градот со село:

Викендов сум во Раштак, на гости кај Давид. Тој со своето семејство одлучил да го напушти градот, и да се пресели на село, каде заедно одгледуваат 70 кози и произведуваат вкусни млечни производи во кои лично се уверив.

Поразговаравме за неговите идеи и планови, за проширување на производството, а јас го запознав со бенефитите и придобивките кои може да ги искористи од државата преку многубројните мерки.

Оваа година преку Програмата за финансиска поддршка ги зголемивме субвенциите по грло за одгледување кози.

Навистина вакви приказни инспирираат особено за млади луѓе, земјоделци, сточари, кои придонесуваат за руралниот развој и сточарството.

Неодамна Николовски објави на својот профил на фејсбук две фотографии над кои што напиша:

Утрински појадок и прошетка на Козјак. Воздух, вода, богатство и енергија за се!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *