(ФОТО) Тони Михајловски објави фотка со синот, па сите што му коментираат се согласни во едно

  • By admin
  • мај 19, 2021
  • 0
  • 1357 Views

Човек со низа професии, тоа е Тони Михајловски кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Како и за многумина познати личности, така јавноста и публикаа сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.

Како велат, крушата под круша паѓа, па така и синот на Тони, Александар е успешен глумец, а тој веќе е возрасен човек и фамилијарен од пред неколку години.

За приватниот живот на синот на Тони Михајловски, Александар, кој исто така како актер е дел од јавниот живот, многу малку е познато.

Па така, изненадување беше кога на почетокот од 2017 година ја објави веста дека се свршил со прилепчанката Ангела.

Кога нешто убаво му се случува во животот, неговиот татко Тони тоа не сака да го скрие и тогаш со сите сподели дека станал свекор, а неговиот син ставил крај на ергенскиот живот.

Една година подоцна, Александар и Ангела направија свадба во Скопје, а Тони на својот профил на Фејсбук објави неколку фотографии од свадбената веселба.

Водителот и новинар Јанко Илковски преку коментар му порача на Тони дека убаво ќе му прилега да го викаат дедо, а пак тој му одговори вака:

-Фала брату. Да си дочекаш и ти. Инаку веќе година дена сум дедо на еден прекрасен лик што се вика Матео. Ама не му се сликаше со секого, па го нема на сликава, напиша дедо Тони, а Јанко како вака неинформиран се пошегува.

Пред некој ден Шанац објави заедничка фотка со својот син Александар и пртиоа напиша: – Зелени синови на Мајка

Под оваа објаваа следа бројни реакции и коментари, а грото од нив беа со иста поента дека Тони и Александар се копија и си личен ептен многу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *