(ФОТО) Татјана Стојановска во опуштена атмосфера во кафеана со колешката од Канал 5

  • By admin
  • декември 20, 2021
  • 0
  • 561 Views

Полека но сигурно се ближи крајот на актуелната и почетокот на новата година. Како по некоја традиција многумина се собираат во кафеани да прослават за успесите во старата година и да ги собираат впечатоците.

Ова важи и за познатите личности од јавниот живот кои знаат често да се опуштат и да уживаат во добра атмосфера, пропратено со храна и амбиент.

За едни од најубавите и најзогдни лица од јавниот живот секако важат водителките на телевизии, меѓу кои се и оние од Канал 5 во чија редакција има вистински убавици.

Кога мислиме за убавици, тука се Татјана Стојановска и Вера Мешетеровиќ, две жени кои освен работата ги поврзува уште едно нешто.

Имено и двете беа Мис на Македонија своевремено на почетокот на кариерата.

Татјана беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година.

Таа секогаш пред ТВ камерите е средена и професионална, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало.

Стојановска е една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и следбениците и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.

Таа со години пред екраните и камерите и секогаш може да ја видиме средена, со шминка и во изданија прилагодени за нејзината професија.

Сепак, како и Стојановска, така и Мештеровиќ не продолжија со манекенството, туку завршија на тв како водителки и тв презентерки.

Кога пред 25 години Вера Мештеровиќ беше избрана за прва Мис на Македонија, многумина ѝ предвидоа успешна модна кариера. Бешетинејџерка кога почна да работи во Лондон, Монте Карло, Русија, но се откажа од кариерата заради родителите.

Има кажано дека тие повеќе сакале таа да го продолжи школувањето отколку да работи како манекенка. Таа со радост се сеќава на
изборот за Мис на Македонија во 1996 година.

Вера од неодамна започна тв кариера како водителка во утринската програма на Канал 5 телевизија каде што мора да признаеме добро и оди.

Вера на својот профил на инстаграм објави фотка од кавана, во опуштена атмосфера, во друштво на колешката Татјана Стојановска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.