Своевремено ген ерал-мајор и лидер на политичката партија Достоинство Стојанче Ангелов, а сега директор на ЦУК е еден од ликовите на јавната сцена кој често знае да привлече внимание.
Стојанче иако најчесто го гледаме во сериозни изданија додека дава изјави за активностите на Центарот за управување со кри зи како негов директор, сепак Ангелов често покажува и една негова поопуштена страна.
Како дел од неговата секојдневна работа, Стојанче секогаш е прв на лице место во која било ситуација која непредвидено ќе се случи ширум земјата, а која е во домен на неговата професија.
Иако коментарите од луѓето најчесто се зајадливи и со потсмев, сепак Ангелов никогаш не потклекнува пред нив, па дури и ги прифаќа шегите на негова сметка.
– Јас сум бес трашен, помирен сум со се. Јас со една рака можам да скр шам пет керамиди, дел од јавноста со тоа се исмејува, но рака што може да ср кши пет керамиди што би направила кога би пог одила череп од глава?
Ама, оваа рака знае и да гали, шеговито додаде Стојанче. За себе вели дека дома усисува, пушта машина за миење садови, чисти купатила, а понекогаш и брише прашина. Смета дека за секој маж е корисно да служи во ен рок, но да не биде законско воведено, туку доброволно.
Не значи дека ако нешто е наше, домашно, македонско, по автоматизам не чини. Да учиме од другите но и да си го почитуваме своето.
А сеирот, сеирот е дел од нашиот менталитет и барем ние јавните личности мора да се навикнеме на него. Јас се навикнав одамна, напиша Стојанче во една прилика.
Во брак е со сопругата Јасмина и за нив често блиските знаат да кажат – Се стркалало лончето, си го нашло капачето. Јасминка и Стојанче Ангелови, познати како брачни сопружници и бор ци за правичност, се пар кој зад себе има многу бури, но и како што велат, љубов посилна од се.
Живеат хармоничен живот исполнет со љубов и разбирање и се горди родители на четири деца. И двајцата имаат по една ќерка од претходните бракови, но и ќерка и син кои ги добиле заедно.
Ангелов е често активен на социјалните мрежи, најмногу споделувајќи новости во врска со работата на ЦУК, но неретко знае да објави и нешто од приватниот живот.
Денеска, Стојанче Ангелов имаше и тоа како убава причина за прослава. Имено денес го слави својот роденден и тоа јублеен 50-ти.
Тој на својот фејсбук профил објави како го прослави. Со своето семејство кај езерото Младост во Велес и притоа на својот фејсбук напиша: Ни повеќе, ни помалку. 50-ка на рамно.