Марија Шерифовиќ: Разбирам дека мора да се полни гориво, да се купат пелени, но веќе немам нерви за овој народ

  • By klaster3
  • септември 15, 2022
  • 0
  • 232 Views

Несомнено е дека Марија Шерифовиќ го има еден од најмоќните вокали на Балканот која долго време опстојува на сцената и ги полни арените.

Својот поход кон музичкиот врв го започна, а воедно и достигна со победата на изборот за песна на годината „Евровизија” каде со одличната интерпретација и вокални способности и ја донесе првата и единствена победа на Србија на ова натпреварување.

Нејзините концерти се распродаваат како од шала во рекорден рок, па мора да закажува 3, 4 па и 5 концерти во низа во еден ист град.

Пејачката веќе неколку сезони по ред е посветена и во работата како жири во „Ѕвезде Гранда“, па во нејзино обраќање се осврна на младите колеги со кои соработува.

Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм профил сподели видео во кое зборува за трендовите во општеството.

„Сфатив дека немам повеќе нер ви за оваа нација, сите сакаат да бидат видени што е можно повеќе, што е можно подобро, сакаат се да е ксплодира на сите страни, а никој да нема динар!

Што е тоа, што е тоа?! Всушност, тоа е едноставно, тие се само искомплексирани“, рече таа, а потоа се осврна на односот на кандидатите. Според неа, повеќето од нив не го користат својот потенцијал.

„Заклучив нешто друго, а тоа е дека во „Ѕвезда Гранда“ уми рам со тие деца, обидувајќи се да ги направам што е можно подобри луѓе, пејачи, изведувачи и толкувачи, а потоа завршува тој натпревар и потоа додека ги гледате нивните постапки како минува времето, всушност забележувате дека тоа е само губење време.

Се разбира, секоја чест за ултра ретките исклучоци. Во исто време, тоа е веројатно затоа што никој нема идеја, никој нема мозок, никој сака нешто големо никој нема фантазија и не се гледа некаде.

Добро, јас разбирам и дека треба да живееш и да наполниш гориво, да купиш пелени, го разбирам сето тоа, но ако веќе гледаш дека имаш предиспозиција да бидеш нешто поголемо отколку што ти нуди овој момент, тогаш претпоставувам дека ќе направиш се на овој свет… не знам“, изјави пејачката.

На крајот додаде дека можеме да ја очекуваме во новата сезона од натпреварувањето „Ѕвезде Гранда“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *