(ФОТО) Се ожени македонскиот Министер – го венчаа г.г. Стефа, г. Иларион и г. Јаков

  • By admin
  • мај 29, 2022
  • 0
  • 372 Views

Како што е добро познато периодов ширум државата се прават многу свадби и термините буквално се резервирани веќе од поодамна.

Скоро секој од нас месецов или оние што идат е на некоја свадбена веселба, а ова се должи на тоа што конечно мерките по две години поради вирусот веќе и ги нема.

Еден од оние кои реши вчера да се ожени е и поранешниот градоначалник на Штип, а сега актуелен Министер за транспорт и врски Благој Бочварски

Како што е познато Бочварски беше поранешен пратеник од редовите на СДСМ.

Основно и средно училиште завршил во Штип, а дипломирал на студиите по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членува во СДСМ од 2002 година, а во 2013 година бил избран за член на извршниот одбор на партијата.

Бочварски во периодот 2011–2016 работел како архитект во приватна градежна компанија, по што бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година како втор носител на список на СДСМ во третата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.

На партискиот конгрес во јуни 2017 година тој бил именуван за потпретседател на СДСМ и член на централниот одбор. На локалните избори во 2017 година, Бочварски остварил победа во вториот круг, а на 3 ноември го презел раководењето со Општина Штип. Од 31 август 2020 година е Министер за транспорт и врски.

Бочварски преку социјалните мрежи се пофали дека вчера се оженил, а среќната избраничка е Маринела Серафимова, а тој за овој убав момент напиша:

Вчерашниот ден за нас беше посебен со многу желби за среќа, убави и исполнети моменти во иднина.

Беше огромна честа црковното венчавање да го предводи неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со Митрополитите г. Иларион и г. Јаков во храмот Свети Никола во Штип.

Ќе биде наше огромно задоволство заедно со пријателите во септември да прославиме и да ги споделиме убавите моменти.

Кога сме кај Маринела да кажеме дека таа е дипломирана докторка по општа медицина. А на вчерашната свеченост како гости и беа и Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски со својата сопруга.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *