Како и за многумина познати лица од јавниот живот, така и за политичарите, обичниот човек сака да дознае нешто повеќе од нивниот приватен живот.
Веќе поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев иако се повелече од политичката сцена и понатаму знае да биде интересен за јавноста.
Зоран Заев важи за доста опуштен лик кој често знае да излезе од протоколарните говори, но е и сериозен фамилијарен човек. Во брак е со сопругата Зорица со која имаат две деца, ќерката Александра и синот Душко.
Александра во последно време се почесто ја има во медиумите. Младата девојка знае како да ужива во животот и често патува надвод од Македонија со своите пријатели.
Ќерката во моментов е студент по медицина во соседна Бугарија, поточно Софија, додека синот Душко живее во Струмица и е средношколец.
Во едно интервју Зоран Заев за својата ќерка рече дека таа имала голема желба да стане докторка па затоа се запишала на медицина. Тој кажа дека за првпат во фамилијата Заеви ќе имаат еден лекар.
Тој тогаш објасни дека Александра ја одбрала Бугарија, а не Македонија зошто тука би била ќерката на премиерот, а не обичен студент, а таа не сакала така да ја гледаат.
За Душко е познато дека и тој како и татко му е љубител на мотори за што сведочат фотографиите што ги објавува и самиот Заев. Неодамна влезе во светот на полнолетните и го прослави својот 18ти роденден.
Александра е доста активна на социјалните мрежи а по објавените фотки може да се заклучи дека има префинет вкус за мода.
Освен тоа, очигледно е дека таа многу сака да патува затоа што често може да се видат фотографии направени во различни земји и на различни места.
Како и години наназад, така и оваа зима Александра отиде на скијање во француски Шамони во масивот Мон Блан во рамките на француските Алпи, а потоа и во Банско.
За Велигден беше во Франција, а набргу потоа сподели дека се наоѓа во Шпанија каде што го посети еден од најубавите фудбалски стадиони во Барселона, Камп Ноу.
Вчеравечер, Александра на социјалните мрежи сподели фотографија заедно со нејзината прва братучетка Ева Заева, ќерката на Вице Заев, а од нивниот стајлинг јасно е дека нешто прославуваат.
Двете се облечени во впечатливи и светкави модни дизајни, па изгледаат истовремено луксузно, но нежно и елегантно. Причината за нивната прослава е матурската на братот на Александра, Душко Заев.