Стево Пендаровски денес се запонза со малиот Македон и лично му упати силна порака

  • By klaster2
  • мај 19, 2022
  • 0
  • 262 Views

Актуелниот преседател на Македонија Стево Пендаровски важи за човек од народот и помеѓу народот што веќе неколкупати го има покажано на дело.

Како што е познато Стево Пендаровски е петти претседател на Македонија, кој на оваа позиција е од 12 мај 2019 година.

Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар.

Во 2000-тите бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ и десетици други политички партии.

Пендаровски успеал да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Неговото семејство потекнува од мијачкото село Галичник. Тој пораснал во постземјотресно Скопје. Неговите родители биле учители. Средното образование го завршил во скопското училиште „Цветан Димов“.

Пендаровски дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1987 година Подоцна магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Елизабета Ѓоргиевска е сопруга на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски и во моментов прва дама на Македонија. Како што е познато со претседателот Пендаровски го имаат синот Огнен.

Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.

Овој пат тој на социјалните мрежи се пофали дека имал средба со македонскиот гениј Македон Димитриевски и го кажа својот став:

,, Ми претставува особена чест што имав можност да го запознаам Македон Димитриевски. Малиот генијалец фа сцинира со своето знаење по математика, како и со говорењето на странски јазици.

,, Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата. Да создадеме стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *