(ФОТО) Сања, една од трите ќерки на Наум Петрески емотивно му го честиташе роденденот на татка си

  • By admin
  • декември 8, 2021
  • 0
  • 562 Views

Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспоратат кај нашиниците.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.

Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Како што е познато Наум е оженет со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова.

Роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство.

Со музика се занимавал од самото детство. Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Петрески важи за човек без „влакна на јазико“ кој секогаш отворено говори, а тоа носи и низа од коментари во јавноста.

Еден од најпознатите и најпопуларните фолк пејачи кај нас без сомнени е Наум Петрески кој од своите два брака има три ќерки и еден син, Анастасија, Сања, Македонка и Стефан.

Најстарата од нив, Анастасија Петреска, тргна по стапките на својот познат татко и веќе е успешна пејачка во Македонија, но во последно време повеќе се има посветено на мајчинството додека својата музичка кариера ја остави на страна.

Имено, таа на почетокот од 2018 година се сврши за својот колега Владимир Поповски од „Биоритам“ и веќе имаа дете.

Вчера Наум го прослави својот роденен, а истиот преку социјалните мрежи му го честиташе една од неговите три керки, Сања која објави заедничка фотка и притоа напиша:

„Среќен роденден тато, да си ни жив, здрав и уште многу години да славиме заедно“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.