(ВИДЕО)Герасимовски, Градоначалникот на Центар утрово пушти солзи

  • By admin
  • декември 8, 2021
  • 0
  • 337 Views

Горан Герасимовски, градоначалникот на Oпштина Центар утрово беше гостин во утринската емисија на Сител ТВ, Магазин Шоу каде што говореше пред се за приватниот живот.

„Сакам да поминувам време со семејството, особено за празниците. Ги носам моите мали, децата на тренинг, тие тренираат во фудбалскиот клуб Работнички.Јас си ја почитувам верата. Имињата на децата си ги имамем поделено“, изјави Горан и продолжи:

Јас сум роден на Св. Стефан, на 9 јануар, но не сум крстен Стефан, но мојот прв син го доби тоа име и е крстен во црквата Св. Стефан во Охрид.

Така беше и договорот со сопругата.За вториот и оставив простор да го избере името сопругата и е крстен Борјна.

Израснаст сум во Капиштец, сега со семејството сум преселн и живеам во Дебар Мало. Основно училиште одев во Песталоци. Имам многу убави моменти кои ми останале. Играв фудбал, џамлии, доста спорт и доста дружење.

Средно во гимназијата Никола Карев завршив, бев добар ученик, не секогаш скрос одличен, добар другар слободно можам да кажам. Таму имаме традиција, учеше и мојот татко, а предаваше и се пензионираше мојата мајка.

Моите први заработени пари се од дискотеките, како мали работевме како менаџер во повеќе дискотеки.

Додека течеше емисијата во живо, со изјава од друга локација се вклучи неговиот добар пријател и кум Васил Гетовски

„Горан си е дечко кој важел за искрен, ведер, едноставно е најдобар другар кој секогаш е тука кога ни е потребен. Од секогаш бил трудољубив, упорен, да помогне. Човек, скопско, градско дете, фраерче.

Омилена песна му е Фурај мали од Дино Мерлин. Тоа ни е песна со еден наш заеднички по коен пријател кој онака ни беше доста на срце.

Во овие моменти додека говореше Васил можеа да се забележат солзи во очите на Герасимовски кој со прстите се обидуваше да ги избрише.

Очигледно го допреа емотивно зборовите на неговиот добар пријател и кум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *