(ФОТО) Сани само што се омажи, сопругот ја качи на трактор: Да изореме нивите

  • By klaster3
  • ноември 10, 2022
  • 0
  • 251 Views

Ако некоја македонска фолкерка може да се пофали и со глас и со стас, но и убаво и вито тело, тогаш тоа несомнено е Сања Сани Гроздановска.

Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.

Кога станува збор за македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје.

Македонската фолк пејачка во август 2018 година го кажа судбоносното ,,ДА” и влезе во брачните води со бодибилдерот Мартин Гроздановски.

Но набргу потоа тие според сознанијата на ,,Бекстејџ” се развеле, од првиот брак Сања има ќерка а сега и од вториот брак уште една.

Тие живеат одвоено а сега отворено пејачката кажа во каква ситуација се наоѓа: Предност што млад стапуваш во брак е тоа што јас имам време уште пет пати да се мажам.

– А негативно е тоа што како доста млада имам запознаено многу лоши страни од бракот. Но јас се посилна и посилна се враќам.

– Нешто што не оди подобро да се прекине додека е време или како што велат подобро е да спречиш отколку да лечиш. Јас сум од тие што не сакат да пијат лекови па спречив на време вели Сани за веќе вториот брак зад нејзе.

– Сега сум најсилна во цел мој живот и ќе газам со нови песни и турнеи. Ги заборавив двата браќа веќе се спремам за трет, вели низ смеа познатата фолкерка.

Изминатиов период Сани повторно го живее најубавиот момент во животот бидејќи има нов животен партнер со кој веќе официјално ја зацврстија врската.

Имено, пејачката сподели на Инстаграм профилот дека по третпат кажа да и објави слика со вереничкиот прстен.

А откако се вери, Сани постојано споделува фотографии од тоа колку се заљубени со нејзиниот вереник, па овојпат сподели момент од нива кога двајцата се качени на трактор и напиша: Да изореме нивата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *