(ФОТО) Познатата македонска водителка сподели нејзин убав спомен од младоста

  • By klaster3
  • јули 2, 2022
  • 0
  • 286 Views

ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.

За познатата ТВ-водителка Милена Антовска Станковска 2022 година почна на најубав начин. Милена на големиот празник Василица годинава го доби најубавиот подарок – стана мајка по вторпат и на свет ја донесе ќерката Јоана.

– Се повлеков целосно од ангажманите во телевизија, но тоа е сега привремено заради бременоста и ситуацијaта со Ков ид 19. Не сакам да ри зикувам и секако не сакаат ниту моите претпоставени кои имаат големо разбирање за мене целиот овој период.

Инаку не ми е многу лесно што не работам сега, затоа што сум навикната да имам многу обврски и работам од мојата 22-ра година, изјави Милена во една прилика за Женски магазин.

Водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред Тв камерите.

Таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.

За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.

Таа е често активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде често споделува делови од приватниот живот, па така и сега кога сподели нејзина стара фотографија за која напиша:

„Фотографиите се спомен. Често знаеме да кажеме дека една фотографија кажува повеќе и од илјада зборови. Тоа што можам сега да го кажам кога ја гледам е дека прво сум помлада 8 години

Потоа имам поразлична фризура (мислам на тоа дека тука немам шишки), но тоа што е останато исто е дека и тогаш и сега сакам да се сликам насмеана.

П.С. Убави времиња од кои имам многу убави спомени, односно фотографии, па ете знам понекогаш да споделам некои од нив со вас“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *