Пастор Филип Иванов од Велес веќе добро и е познат на пошироката македонска јавност, пред се по хуманоста која што ја има во себе и помошта која им ја дава на оние на кои што им е најпотребна.
Имено Иванов вчера на својот профил на фејсбук сподели фотографија со две дечиња и притоа напиша:
Ова се Сафет и Харун. Ко по обичај, денес повторно поминаа од кај црквата. Знаеш дека доаѓаат уште од километар, оти викаат на цел глас „попеее, тука сиии?“
Додека си седевме на скалите на црквата да каснеме по една-две банани, видоа една бубамара. Сафет ја зема и му вика на Харун:
„Ај да ја фатиме, да ѝ кажеме по една желба, па да ја пуштиме да ни донесе тоа… Јас сакам точак ко на попот, ти?“ Ко од пу шка, Харун вика: „И јас“.
Во тој момент јас знаев што сака Господ да направам, да ја пуштам „бубамарата“ тука на Фејсбук, па ако некој сака да им ја оствариме желбата – нека ми пише, може да купиме нови, а може и да се најдат користени и здрави.
Сафет е девет години, Харун е пет. И не, не мора точаците да се баш како тој на попот.
За неполни 24 часа Филип Иванов повторно се огласи на својот профил на фејсбук и објави фотографија со двете дечиња кои беа видно радосни и напиша:
Еве ги денес Сафет и Харун со нови бајкови, тоа „бубамарата“ чу да направи, радости еден тон!
Ви благодарам на тие што земавте учество во ова нешто, Господ нека направи нивнава радост да биде и ваша засекогаш!