(ФОТО) На пространата вила од 2.5 милиони евра Карлеуша одгледува бавча: Се пофали со стасаниот зеленчук

  • By klaster3
  • август 16, 2022
  • 0
  • 294 Views

Без сомнение Јелена Карлеуша важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот а голема популарност ужива и во Македонија каде често знае да биде гостин.

Како и пред пан демијата, така и сега,во Македонија „надојдоа“ ѕвездите од српската естрада кои ги наполнија дискотеките, рестораните, плоштадите.

Карлеуша важи за една од најозборуваните балкански пејачки поради нејзиниот неверојатен стајлинг каде и да се појави.

Многумина ја поддржуваат, но има и такви кои не го одобруваат нејзиниот стил и веруваат дека претерала со корекции и дека повеќе не личи на Јелена од почетокот на кариерата.

Јелена Карлеуша беше една од гостите на гламурозната прослава на 31-виот роденден на нејзината колешка Милица Павловиќ, а пред да започне прославата, пејачката ги откри деталите од новиот албум во изјава штоја даде за насобраните медиуми.

Јелена за почеток откри што и посака на Милица, а го спомена и нејзиниот роденден кој наскоро ќе го прослави, но оваа година само во кругот на најблиските луѓе.

Како што откри таа, една од причините поради која нема да слави роденден е заморот, а се поради подготовката на новиот албум кој, вели, ќе биде најдобар во нејзината кариера.

– Искрено, нема да славам ова година. Полниш 44 години, немаш повеќе причина за славење. Малку сум уморна од настапи и подготовка на албум кој е речиси готов.

Се надевам дека ќе се случи некоја голема турнеја, мислам дека ова е најдобриот албум во мојата кариера, најсериозниот досега, со најмногу песни, со најмногу вложени пари. Мојата публика го заслужи ова по десет години – изјави Јелена.

Инаку, поп дивата Јелена Карлеуша ужива во својата вила во Сењак, а неодамна се пофали дека успешно одгледува зеленчук во својата мини бавча.

Секако, заедно со зелките кои ја красат нејзината пространа тераса со неверојатен поглед, растат и домати. Таа на својата приказна на Инстаграм објави видео од доматите кои ги одгледува.

Инаку, луксузниот имот има два базени – внатрешен и надворешен, две гаражи, како и огромен двор кој е заштитен со ѕидови, камери и бодликава жица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *