(ФОТО) Настап кој долго ќе се памети: Македонскиот пејач го накитија со пари

  • By klaster3
  • мај 8, 2022
  • 0
  • 257 Views

Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ е еден од најбараните и најпопуларните пејачи на фолк музика во Македонија, но и надвор. Дијаспората постојано го бара, Македонците кои живеат во земјите ширум светот уживаат во неговата музика.

За успех во музичката кариера исклучително важно за секој музичар е партнерот да има разбирање за професијата која носи многу отсуства од дома. Ѓоко такво нешто пронашол кај сопругата Ивана со која имаат четири деца.

Ѓоко кога се роди малиот Дарин напиша дека неговата сопруга е вистински херој, а времето што помина од тогаш е најсреќниот период во нивното семејство. Тие покрај синот, ги имаат и ќерката Теодора и синовите Михаил и Јован.

Потекнува од Валандово и пораснал во семејство кое се занимавало со земјоделие во кое преовладувал тутунот. Во едно интервју проговори за своето детство и што работел како помал.

– Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура.

Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот.

Неодамна ја заврши својата турнеја во Америка и на Македонците таму им приреди навистина добра забава која долго ќе ја паметат. Пред да замине Јовиќ се поднови со ново возило, Мерцедес ГЛЕ 350д во бела боја со вредност од 35.000 евра.

Ѓоко важи за пејач кој умее да направи незаборвна атмосфера на своите свирки кои подоцна со денови се прераскажуваат.

Така беше и викендов кога Ѓоко заедно со неговиот бенд ги развеселуваа гостите на македонска свадба, а според она што го сподели на социјалните мрежи се гледа дека навистина убаво си поминале.

Покрај неизбежната весела атмосфера интересно да се види беше тоа што толку многу го опсипуваа со бакшиш во различни валути што едвај имаше каде да ги стави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *