(ФОТО) Марија Шерифовиќ се најде во друштво на наша позната водителка – не ја симнаа насмевката од лице

  • By klaster3
  • август 4, 2022
  • 0
  • 331 Views

Несомнено е дека Марија Шерифовиќ го има еден од најмоќните вокали на Балканот која долго време опстојува на сцената и ги полни арените.

Својот поход кон музичкиот врв го започна, а воедно и достигна со победата на изборот за песна на годината „Евровизија” каде со одличната интерпретација и вокални способности и ја донесе првата и единствена победа на Србија на ова натпреварување.

Во периодот откако мерките олабавија, популарната Мара одржа низа солистички концерти во Белград, Нови Сад, Загреб, Бања Лука и многу други, а освен тоа е посветена и во работата како жири во „Ѕвезде гранда“.

Но она што влегува во очи е тоа што Шерифовиќ веќе извесен период нема извадено нешто ново, а кога мислиме на ново, тогаш тоа се однесува на песна или спот.

Затоа пак нејзините концерти се распродаваат како од шала во рекорден рок, па мора да закажува 3, 4 па и 5 концерти во низа во еден ист град.

Марија Шерифовиќ не можеме често да ја видиме на фотографии со македонски јавни фаци, но затоа овојпат се појави фотографија на која е заедно со наша позната водителка.

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за најуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Веќе 11 сезони секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на кои што рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.

Секојдневно објавува по некоја фотографија од неа, нејзин омилен бренд, пријателите или пак миленичето – мачорот Рагнар. На инстаграм профилот Лила има над 216.000 следачи кои ги следат нејзините дневни активности.

Така, Филиповска се потсети на спомен од пред 4 години кога била во друштво на познатата пејачка Марија Шерифовиќ и сподели фотографија со неа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *