ФОТО: Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се поднови со ,, ѕвер” oд 100.000 евра

  • By klaster2
  • октомври 28, 2022
  • 0
  • 228 Views

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас важи за еден од најголемите таленти и најголема надеж на македонскиот фудбал.

Со своите блескави партии уште во дресот на Работнички беше забележан од скаутите на Фенербахче каде направи одличен трансфер.

Истите игри и форма на ниво ја подигна и одржа во истанбулскиот тим, потрагата по неговиот потпис беше огромна а најуспешен беше Наполи.

До денес тој има одиграно 106 натпревари и постигнато седум погодоци, игра во екипа од топ 5 лигите во Европа а пред него е блескава кариера.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас периодов не е во прв план на тренерот Лучијано Спалети. Ја нема минутажата која ја имаше од претходно и ќе мора за истата да се избори.

Во македонската јавност го доби прекарот ,,Дијамант” препознатилв со своите игри уште кога беше тинејџер и ја оправда довербата.

Со нашата репрезентација настапи на историското Европско првенство, со кое не израдува сите и прикажа солидни партии.

Од друга страна се останато во животот на нашиот репрезентативец е на највисоко ниво, па и возниот парк кој од неодамна е побогат за уште едно прекрасно возило.

Елиф пред неколку дена е сопственик на Порше, за кое експозитурата во Наполи се погрижи нашиот репрезентативец да го добие со сите пропратни елементи.

Нормално, неизбежна и фотографијата на социјалните мрежи со што салонот се пофали дека има елитни клиенти како што се Елиф Елмас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *