Без сомнение Ѓоко Јовиќ е еден од нашите најпознати пејачи, и кај нас, и во дијаспората а во последно време е активен во медиумите од неколку причини.
Јовиќ е доста отворен и во едно неодамнешно интервју проговори за своето детство и што работел како помал.
-Како што знаете, потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура.
Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа. Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа:
„Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот.
Пред околу четири месеци познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана по четврти пат се остварија во улога на родители.
Тие тогаш го добија синот Дарин, кој сега е најмладиот член во нивното многудетно семејство.
Ѓоко кога се роди малиот Дарин напиша дека неговата сопруга е вистински херој, а времето што помина од тогаш е најсреќниот период во нивното семејство. Тие покрај синот, ги имаат и ќерката Теодора и синовите Михаил и Јован, кои се радуваат и помагаат околу нивното братче.
Ѓоко следниот период ќе има згусната агента откако закажа турнеја во САД која секако ќе му донесе и добра заработка. Заедно со Енерџи бенд од 18. март во Детроит ја започнуваат турнејата.
Според најавата кај него на социјалните мрежи закажани се настапи и во Чикаго, Њу Џерси, Охио, Буфало и Индиана.
Пред да замине на туренја, Ѓоко Јовиќ реши да се поднови со ново возило, а изборот падна на Мерцедес ГЛЕ 350д во бела боја. Неговиот изглед е привлечен, а пазарната цена на пазарот на половни автомобили за овој модел се движи околу 35.000 евра.