Од денес нови промени за влез во Австрија

  • By klaster2
  • февруари 22, 2022
  • 0
  • 270 Views

Австрија од денеска ги олеснува условите за влез во земјата по два месеци рестрикции поради вирусот, така што сите вакцинирани и кои ја прележале короната, како и лицата со негативен тест ќе можат да влезат во земјата.

Во последните два месеци во Австрија можеа да влезат само вакцинирани, но важно е туристичката индустрија да прими што повеќе гости во остатокот од зимската сезона, не само од Германија.

Од 5 март, речиси сите ограничувања во Австрија се укинати, освен за носење маски FFP2 на некои јавни места и места со големи збиднувања.

Исклучок е Виена, која засега делумно ги задржува мерките против коронавирусот во некои сектори, како што е гастрономијата.

Седумдневната фреквенција која изнесуваше околу 2.200 случаи на 100.000 жители опаѓа, а состојбата во болниците, особено на интензивната нега е стабилна.

Инаку Австрискиот парламент усвои закон за спроведување на мерките за ковид, кој предвидува големи санкции за непочитување на правилата.

Со тој закон општинските власти сега добија можност да затворат правни субјекти на најмногу една недела, доколку претходно во три наврати е утврдено дека се прекршени законите за епидемиолошките мерки.

Така, стопански субјект по трикратно непочитување на мерките, како што е пречекорување на лимитот на број на лица или неконтролирање на документи, може да биде санкциониран со мерка итно затворање.

Новина е и тоа што трудовите инспектори и надзорните тела за спроведување на законот за безбедност на храната и потрошувачите имаат овластување да го контролираат согласно мерките за ковид.

Оваа мерка најмногу ќе ги погоди угостителите, бидејќи сега надлежните ќе можат да затвораат без поголеми бирократски процедури.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *