(ФОТО) Македонската пејачка се спакува и полета за Австралија – тамошните Македонци ги очекува голема забава

  • By admin
  • јуни 9, 2022
  • 0
  • 362 Views

Откако конечно ситуацијата со вирусот се стиши, а многу граници се отворија, меѓу кои и оние на Австралија, патувањата започнаа да се враќат во нормала.

Со патувањата, парарелно се враќа и целиот живот во нормала, а тоа подразбира и културните настани и музичките забави ширум светот.

За Австралија општопознато е дека важи дом за голем број Македонци кои уживаат во наша музика во изведба на македонски музичари.

Па така веќе пристигна најава за настапи на многу наши пејачи на далечниот континент меѓу кои и Анета Молика и Сузана Гавазова, но првио кои ќе ја имаат таа чест се други наши музичари.

Сања Гроздановска или популарната Сани важи за еден од најдобрите македонски забавувачи кога се фолк пејачките во прашање.

За познатата и згодна македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје.

Имено во едно интервју на крајот на минатата година си ја откри најголемата желба за новата година: Имам многу желби за 2022 година, но најголемата ми е да заминам на некоја турнеја или Америка или Австралија, и јас малку да прошетам.

Очигледно е дека желбата веќе и се исполнува затоа што на социјалните мрежи Сани си сподели фотки од закажаната турнеја низ Австралија.

Имено пејачката, заедно со уште неколку музичари, меѓу кои и колегата Кико Божиновски ќе ја забавува македонската дијаспора во Квинбијан, Сиднеј, Кампбелфилд во неколку клубови и сали.

Па токму од овие причини тие веќе ги спакуваа куферите и полетаа за далечната дестинација каде што Македонците ги очекуваат, а кога станува збор за Сани и Кико забавата е загарантирана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *