(ФОТО) Ламбе е домаќин човек – почна со подготовка на зимниците и покажа што направи за почеток

  • By admin
  • септември 1, 2022
  • 0
  • 264 Views

Своевремено беше еден од најпопуларните македонски пејачи но во врвот од својата музичката кариера се реши да замине во Америка.

Ламбе Алабаковски по неколку години апстиненција од медиумите, повторно е актуелен откако се врати од Америка и одлучи да остане во Македонија.

– Едноставно животот ме натера да заминам. Немаше некоја посебна причина да заминам, тогаш морав тој период да бидам таму кажа неодмана во едно од своите први интервјуа по враќањето и додаде:

– Еве после шест години се вратив овде. Животот во Америка беше убав период во мојот живот. Се посветив на семејството.

– Работам на доста нови проекти, почнав да настапувам низ Македонија, ќе излезат нови песни а се надевам таму во септември дека и албум ќе излезе.

Тој неодамна мина низ тежок период откако заврши зад решетки поради случајот со бугарскиот клуб во Битола, но се чине сега сето тоа е зад него.

Ламбе има бројни настапи ширум Македонија како и голем број договорени настапи летово и е еден од најбараните домашни изведувачи во моментов.

Освен дека е голем професионалец и одличен пејач, Ламбе покажа дека е и домаќин човек кој знае да помогне и околу фамилијарните работи.

Па така тој сподели кратко видео на кое откри дека веќе започнал со подготовка за зимницата со омилениот сок од детството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.